ПРВА ФОРУМСКА СЕСИЈА ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО БИТОЛА

ПРВА ФОРУМСКА СЕСИЈА ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО БИТОЛА

Во рамките на програмата „Зајакнување на општинските совети“, во Битола започна првата форумска сесија во која директно учестсвуваат граѓаните и преку која, како краен продукт треба да биде избран проект или проекти во интерес на граѓаните на Општина Битола.

„Четирите форумски сесии ќе се одржат до завршување на проектот, а петтата форумска сесија ќе биде завршница на проектот кој што треба да биде имплементиран. Општина Битола ќе треба да овозможи законска легислатива на истиот, со што на крајот треба да се добие прозивод на подобрување на социјалните услуги на граѓаните. Ова е најдемократскиот начин, во кој се вклучени граѓаните, а и законот за локална самоуправа има дефинирано начини како граѓаните можат да ги искажат своите интереси. Во таков партнерски однос, било која локална самоуправаможе да ги реализира потребите на граѓаните“, рече градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска.

Во висина на грантот ќе бидат финансирани минимум еден, а максимум три проекти, кои што ќе произлезат од форумските сесии.

„Проектот има неколку значајни компоненти, едната е што на фер и демократски начин граѓаните можат д аучествуваат во креирањето на локалните политики, втората е што неколку викенди со ред советниците учествуваат на локални обуки за зајакнување на локалните советии третата е што се дава транспарентност на целиот процес, односно опремата со која во живо се следат седниците на советот на Општина Битола“, рече претседателот на Советот на Општина Битола, Валентин Груевски.

Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП, а грантот наменет за граѓанските проекти кои ќе произлезат од сесиите изнесува 50.000 швајцарски франци.