ПРЕМИЕРОТ ПОБАРА ОД ИНСТИТУЦИИТЕ ДА ВРАБОТУВААТ ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

ПРЕМИЕРОТ ПОБАРА ОД ИНСТИТУЦИИТЕ ДА ВРАБОТУВААТ ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Битола беше домаќин на меѓународната научно-стручна конференција „70 години – организирана едукација, рехабилитација и вработување на лица со попреченост во Република Северна Македонија”која се одржа под покровителство на премиерот Зоран Заев. Обраќајќи се во рамките на конференцијата, премиерот истакна дека нашето општество треба да се ослободи од стигмата и дискриминацијата кон лицата со попреченост,

„Повикувам на зголемување на свесноста на целокупното општество за овие луѓе. Тие се исти како и сите нас, само им е потребна поголема поддршка за да може и тие да се школуваат, а потоа и да се вработат. Бидејќи се мали примерите каде јавни и други институции вработуваат лица со попреченост, ја користам оваа прилика и упатувам насоки да се вработат колку што може повеќе лица со пречки во развојот, а тоа значи сите владини институции по вертикала надолу тоа да го направат“, посочи Заев.

Чест е ваква конференција да се има во Битола, во градот каде веќе 70 години  успешно работи Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух и говор, истакна градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.

„Не постојат разлики, сите сме исти. Разликите постојат само во затворените умови и срца. Секој од нас има на некој начин во подолг или пократок период од својот живот потешкотии, таквите потешкотии единствено се решаваат со подадена рака, со заедништво“, рече Петровска.

На конференцијата присуствуваа и се обратија министрите за труд и социјална политика Мила Царовска, за здравство Венко Филипче и за образование и наука Арбер Адеми.