ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА МЕСНИТЕ ЗАЕДНИЦИ НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА

ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА МЕСНИТЕ ЗАЕДНИЦИ НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА

Претседателите на урбаните и на месните заедници во руралните средини во Општина Битола, остварија средба со градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.

Во салата на Советот на Општина Битола, градоначалничката Петровска на почетокот даде осврт на досегашните реализирани проекти од страна на општината, со акцент на сработените капитални инфраструктурни објекти зацртани во нејзината четиригодишна програма. Месните заедници претставуваат основна клетка на функционирањето на локалната самоуправа, потенцираше Петровска и токму оттука локалната власт ги црпи идеите и програмите за работа, за тековниот и наредниот период.

На оваа заедничка средба, беше договорена координација и усогласување со активностите на општината, во сооднос со потребите на жителите на месните заедници, искажана преку нивните претседатели.

На средбата, беше договорена натамошната динамика на средби и начинот на комуникација со општината, која им стои на располагање на месните заедници во решавањето на секојдневните нивни потреби, на краткорочен и на долгорочен план. На средбата учествуваа сите претседатели на урбаните и на месните заедници во Општина Битола.