ПРЕТСТАВНИЦИ НА УРБАНИТЕ И МЕСНИТЕ ЗАЕДНИЦИ НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА

ПРЕТСТАВНИЦИ НА УРБАНИТЕ И МЕСНИТЕ ЗАЕДНИЦИ НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА

Откако пред две недели на претседателите на урбаните и месните заедници им беа дадени насоки за подготовка на приоритетните проекти, тие ги претставија своите барања на средба со градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.

Пред крајот на тековната година, претседателите на средбата издвоија по три приоритетни проекти за сопствената урбана и месна заедница, кои понатаму ќе бидат проследени до соодветните служби во општината, со цел да бидат земени во предвод за реализација во наредната 2020 година. Градоначалничката Петровска им ги предочи реализираните, тековните и проектите кои што се предвидени за реализација од страна на општината во наредниот период, со цел да се направи надополнување со предлозите за натамошните активности.