ПРОМОЦИЈА НА ЖЕНСКИОТ ФУДБАЛ ВО БИТОЛА

ПРОМОЦИЈА НА ЖЕНСКИОТ ФУДБАЛ ВО БИТОЛА

zenskifudbal2016-1 zenskifudbal2016-2 zenskifudbal2016-3 zenskifudbal2016-4 zenskifudbal2016-5 zenskifudbal2016-6 zenskifudbal2016-7На стадионот “Павел Шатев“ или популарното Ќумурно игралиште во Битола, се одржа промотивниот настан во организација на ФИФА, ФФМ и општината Битола, кој е дел од кампањата на ФИФА со наслов „Live your goals“ кој за првпат се организира во Битола.

Настанот започна со обраќање на Генералниот секретар на ФФМ кој нагласи дека му е посебно мило што голем број на девојчиња од целиот овој регион присуствуваат и се надева дека уште од утре голем број од нив ќе ги види во редовите на еден од двата женски клубови во Битола.

На настанот учествуваа 150 девојчиња, ученици од училишните спортски клубови, од кои 90 од Битола и 60 од околните градови. На учесниците на настанот им бише поделена спортска опрема.

Live your goals“ кампањата на ФИФА за развој на женскиот фудбал е означена како една од најпрепознатливите иницијативи на Светската фудбалска организација за развој на женскиот фудбал. Девојчињата и младите жени добиваат инспирација да се вклучат во фудбалот и да покажат дека можат да ги остварат своите цели преку фудбалската игра.

Женскиот фудбал го подобрува статусот во општеството и претставува начин за соочување и справување со еден од основните проблеми – полова дискриминација. Преку кампањата „Live your goals“ се отвора врата за девојките и младите жени во Македонија да се вклучат во играта.