РЕНОВИРАНИ СОБЛЕКУВАЛНИ ВО ОУ „ЕЛПИДА КАРАМАНДИ“

РЕНОВИРАНИ СОБЛЕКУВАЛНИ ВО ОУ „ЕЛПИДА КАРАМАНДИ“

Делот на соблекувалните и просторот за спортските реквизити во спортската сала на ОУ„Елпида Караманди“ имаат нов лик. Инфраструктурните зафати се реализираа во изминатите месеци со средства од Општина Битола.

„Во ова училиште општината вложи 750.000 денари во инфраструктурни зафати, поточно во водоводната мрежа, канализационата мрежа, бојадисување, поставување на плочки, санитарни елементи и во оваа прилика сакам да нагласам дека она што не беше земено во предвид повеќе од 40 години со посериозни зафати во училиштето, е само почеток. Општина Битола веќе ја има подготвено јавната набавка во висина од 2,5 милиони денари за целосно санирање на санитарните јазли и тоалетите во оваа образовна институција, со што ова училиште ќе има многу поинаков изглед, онаков, каков што заслужуваат нашите најмили“, рече градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.

Директорката на училиштето Татјана Дамчевска посочи дека до пред само четири месеци, училиштето беше со блокирани сметки повеќе од осум години, без можност за било каква интервенција, но откако општината ги подмири долговите во вредност од околу 500.000 евра, полесно е да се планираат следните чекори за реновирање.

„Зградата на училиштето треба да се реновира, исто и покривот, промена на дворешна и внатрешна дограма, подот и системот за греење. Откако имаме одблокирани сметки, училиштето може нормално да работи и редовно се обезбедуваат канцелариски материјали и потребни средства за учениците, а дополнително се набавени се две паметни табли, десет зелени магнетни табли, една бела табла, големо проекционо платно за презентации и филмови, една бела подвижна табла, три училници за одделенска настава се опремени со клупи и столици, а во моментов се обновува осветлувањето во сите училници“, истакна Дамчевска.

Во ОУ „Елпида Караманди“ во двете смени настава посетуваат 746 ученици од прво до деветто одделение.