СЕ АСФАЛТИРА УЛИЦАТА „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

СЕ АСФАЛТИРА УЛИЦАТА „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

По реконструкцијата на тротоарите и нивното поплочување, новиот изведувач на градежните работи на ул. „Климент Охридски“, започна со асфалтирање на улицата.

И покрај сите препреки со кои се соочи Општина Битола во изминатите осум месеци, по постапувањето согласно законските одредби и соодветно преземените дејствија, со кои во најтранспарентна постапка се избра новиот изведувач, се одвиваат завршните фази во реконструкцијата на оваа улица.

Во изминатите 10-тина дена, екипи од фирмата „Еуроинвест“ работеа на геодетско снимање и исколчување во функција на израмнување, а паралелно и на поставување на тротоарот. По асфалтирањето, ќе следува и партерно уредува на оваа улица.