СО ФИНАНСИРАЊЕ ВО СПОРТОТ, ДО ПОГОЛЕМИ ФИНАНСИСКИ ОСЛОБОДУВАЊА ЗА КОМПАНИИТЕ

СО ФИНАНСИРАЊЕ ВО СПОРТОТ, ДО ПОГОЛЕМИ ФИНАНСИСКИ ОСЛОБОДУВАЊА ЗА КОМПАНИИТЕ

Управата за јавни приходи – Регионална дирекција Битола, Општина Битола и Регионалната стопанска комора со седиште во Битола беа организатори на средбата со претставници од бизнис секторот, спортските клубови во регионот и претставници од Општина Битола, која се одржа во салата на Советот на Општина Битола.

Целта на оваа средба беше да се иницира зголемено активирање на приватните компании во регионот, дел од добивката да ја наменат за финансирање на спортските клубови и генерално за развој на спортот, при што и тие ќе добијат одредени законски ослободувања.

На средбата, членовите на Регионалната стопанска комора се запознаа со поволностите кои што ќе ги добијат ако финансираат во спортот. Спортските клубови пак, од своја страна, исто така се запознаа со можностите кои што ги нуди државата во насока на развој на оваа дејност.