СПОРТИСТИТЕ ДАРУВАА КРВ

СПОРТИСТИТЕ ДАРУВАА КРВ

Во спортската сала „ Младост “ во Битола, се одржа традиоцалната крводарителска акција на спортистите заедно со вработените во локалната самоуправа.

„ Ова е првата крводарителска акција на спортистите во оваа година, а како знаеме се организираат по две секоја година. Преку оваа акција спортистите ја искажуваат хуманоста која ја поседуваат сите спортисти “ изјави Гордана Цветковска-Бошевска, одговорна за спорт во Општина Битола.

Во името на спортистите оваа акција ја поздравија ракометарите Стефан Дрогришки, Игор Николовски и фудбалерот Игор Пашовски, кои повикаа во идниот период на ваквите акции да учествуваат поголем број на спортисти.

Во акцијата беа собрани околу четириесеттина крвни единици.

akcija_krv_6_15_10 akcija_krv_6_15_14 akcija_krv_6_15_13 akcija_krv_6_15_12 akcija_krv_6_15_11