СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ЗА ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ ЗА ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Секој вторник и четврток, од 17.30-18.30 часот во спортската сала на О.У. „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола, децата со посебни потреби изведуваат спортски активности, но пред се и се дружат заедно.

Спортските активности, од кои најмногу е застапена кошарката, веќе трета недела се одвиваат во овој термин под водство на тренерот Мико Голубовиќ и им носат радост на децата со посебни потреби, кои едвај чекаат да дојде следниот час.

Иницијативата за спортските активности на децата со посебни потреби беше поддржана од локалната самоуправа, која ги обезбеди средствата за да може два пати неделно да се одржуваат часовите. Спортските активности се наменети за сите деца со посебни потреби, без разлика на возраста, а секој следен час нивниот број се повеќе расте.

Од стана на локалната самоуправа, на децата со посебни потреби им беа доделени по два сезонски билети за ракомет,  супер лига за мажи 2018/2019, за да можат да ги гледаат натпреварите во присуство на родител.

Ова е уште една од низата заложби на локалната самоуправа за вклучување и социјализација на децата со посебни потреби.