ТРАДИЦИОНАЛНА БАКЛАВА ОД БИТОЛСКОТО МУФТИСТВО ЗА ЖИТЕЛИТЕ И ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА

ТРАДИЦИОНАЛНА БАКЛАВА ОД БИТОЛСКОТО МУФТИСТВО ЗА ЖИТЕЛИТЕ И ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА

По повод верскиот празник Рамазан Бајрам, на покана на муфтијата Амит Расимовски, во посета на битолското муфтиство беше градоначалничката Наташа Петровска. Таа изрази благодарност до муфтијата за поканата и упати честитки по повод верскиот празник Рамазан Бајрам.

„Со задоволство ја прифатив поканата за да бидам дел од ова одбележување на празникот Рамазан Бајрам, да размениме искуства, да ја вкусиме традиционалната баклава како симбол на заедништо и соживот кој го имаме ние, Битолчани“, истакна градоначалничката Петровска.

„Особено ни е драго што градоначалничката е наш гостин, заеднички да го одбележиме празникот и таа да биде дел од нашата традиција“, рече муфтијата Амит Расимовски.

На заедничката средба со членовите на битолското муфтиство од Исламската верска заедница, се разговараше за актуелните состојби во градот, тековните проекти и активности, а муфтијата ја информираше градоначалничката за активностите за време на постот пред празникот, како и настаните со кои се одбележа овој празник.

Претходно, пред просториите на муфтиството во старата битолска чаршија, битолчани, околните соседи дуќанџии и сите посетители кои се најдоа во чаршија, беа послужени со баклава, традиција која се одбележува од 2016 година.