ТРАДИЦИОНАЛНА НОЌНА АТЛЕТСКА ТРКА

ТРАДИЦИОНАЛНА НОЌНА АТЛЕТСКА ТРКА

Во организација на Сојузот на спортови од Битола, Сојузот на училишен спорт и општина Битола се одржа традиционалната, јубилејна 60 по ред, ноќна атлетска трка, на која учество зедоа повеќе од 1 200 битолчани, меѓу кои ученици од основните и средните училишта, студенти од УКЛО и граѓани.

Учесниците и публиката ги поздрави градоначалничката на Битола, Нашата Петровска, која нагласи дека се радува што 1200 млади од Битола го покажаа спортскиот дух и посака да ја продолжат традицијата која трае 60 години. Петровска на дел од најмладите победници, на средношколците и граѓаните, им додели дипломи и медали.

Оваа година на крајот од настанот, се одржа и трката на граѓаните на која имаше десетина повозрасни битолчани, од кои само една жена.