УРБАНА ОПРЕМА НА ПЕШАЧКАТА ЗОНА НА БУЛЕВАРОТ ВО ЧАРШИЈАТА

УРБАНА ОПРЕМА НА ПЕШАЧКАТА ЗОНА НА БУЛЕВАРОТ ВО ЧАРШИЈАТА

Директорот на ЈП „Комуналец“ Панде Богоевски на терен пред градоначалничката Наташа Петровска ги презентираше активностите на уредување на пешачката зона на Булеварот 1 Мај во Старата битолска чаршија. Делот од булеварот, кој од минатата година е затворен за сообраќај, ЈП „Комуналец“ го оплемени со клупи, жардињери со цвеќиња и заштитни синџири. Ваквите дополнителни содржини им овозможуваат на посетителите на Старата битолска чаршија да се одморат и да уживаат покрај реката Драгор, а истовремено даваат слика на урбано уреден дел од чаршијата. Директорот Богоевски исто така информираше дека биле забележани појави на откорнување на клупите и обиди истите да бидат отстранети, по што се преземени мерки за нивно зацврстување. Во делот на жардињерите, наместа се откорнати посадените цвеќиња, а деновите екипи на ова јавно претпријатие повторно ќе вршат засадување.

Голем дел од сопствениците на околните дуќани изразија задоволство од можноста граѓаните да можат слободно без автомобили да се движат во оваа зона, а купувачите пак, тоа што можат да се одморат шетајќи низ чаршијата.

dav

dav

dav

dav

sdr