ФК „ПАРТИЗАН“ СО ПОСЕБНА ПЛАКЕТА ЗА ПЕТРОВСКА

ФК „ПАРТИЗАН“ СО ПОСЕБНА ПЛАКЕТА ЗА ПЕТРОВСКА

Спонтано, на Широк Сокак, во дресови од фудбалскиот клуб „Партизан“, група од поранешни фудбалери-ветерани на овој познат и признат клуб во светски рамки, на градоначалничката Наташа Петровска и подарија посебна плакета. Тие дојдоа во Битола за да одиграат ревијален фудбалски натпревар со тимот ветерани од село „Црнобуки“.

„Денес имаме уште еден прекрасен настан во нашиот град, се одржува пријателски натпревар помеѓу ветераните од ФК „Партизан“ и ветераните од  ФК „Црнобуки“, кои што ја негуваат љубовта кон фудбалот во сиот изминат период. За да се одржи овој натпревар, во изминатиот еден месец, општината се вложи со сите јавни претпријатија, со многу стопански приватни субјекти во градот, целокупно да се среди инфраструктурата, за да има долична инфраструктура која што ќе одговара на ваков настан, кој што воедно значи промоција и поддршка на спортските достигнувања на фудбалскиот клуб од Црнобуки“, рече градоначалничката Наташа Петровска.

Попладнево во село Црнобуки се одржа меморијалниот пријателски натпревар, во чест на  едногодишниот помен од смртта на еден од најолемите навивачи на „Партизан“ од битолско, Трајан Кочишки –Куља од Црнобуки.

Тој бил дел од тимот кој го изработил најдолгото навивачко знаме во Битола, а воедно и едно од најголемите поставено на стадионот на ЈНА. Меѓу некогашните големи ѕвезди од „Партизан“ допатува и фудбалерот Небојша Вучичевиќ, кого го нарекуваат волшебник на топката и досега за овој тим одиграл 341 интернационален натпревар.