ЦРВЕНО-БЕЛА ЗАБАВА ВО ЗАВОДОТ „КОЧО РАЦИН“

ЦРВЕНО-БЕЛА ЗАБАВА ВО ЗАВОДОТ „КОЧО РАЦИН“

Синоќа во Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ во Битола, се одржа традиционалната Црвено-бела забава.  По повод новогодишните празници, веќе 13 години по ред, ученици од сите битолски училишта, заедно со нивните наставници и директори, доаѓаат во заводот и се дружат заедно со децата кои престојуваат во оваа установа.

Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, исто така ги посети штитениците на овој завод и им подели лампиони и новогодишни украси.

Задоволството на учениците кои го посетуваат заводот и престојуваат во него беше огромно, особено затоа што имаа можност да се дружат со своите врсници од останатите училишта, да играат и да пеат. Ваквата заедничка забава ја потврдува заложбата за што поголема социјализација на децата од Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ во Битола, со останатите деца.

На оваа забава учествуваа и членовите на Општинската организација на Црвниот крст од Битола, како и сите вработени во заводот. Традиционалната забава се одржува пред заминувањето на учениците во своите домови воочи Новогодишните празници.