ЈП „ПАЗАРИ“ ГО ПОТПИША ДОГОВОРОТ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА ФОТОВОЛТАИЦИ

ЈП „ПАЗАРИ“ ГО ПОТПИША ДОГОВОРОТ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА ФОТОВОЛТАИЦИ

По завршувањето на тендерот за поставување на фотоволтаични панели на кој беше избрана фирмата изведувач „Енергом Груп“, потпишан е договорот со кој се официјализира стартот на новиот еколошки проект на јавното претпријатие „Пазари“од Битола.

Директорот Владе Атанасовски истакна дека ова е трет последователен еколошки проект реализиран во ЈП „Пазари“, откако претходно беа поставени нови лед сијалици во градскиот пазар, а во управната зграда е монтиран нов систем за греење на пелети. Поставувањето на фотоволтаичните панели на управната зграда, според Атанасовски, треба да даде придонес кон заштитата на животната средина и да ги намали трошоците при работењето на ова јавно претпријатие.

Вкупната инвестиција на проектот е 1.100.000 денари. ЈП „Пазари“ е првото јавно претпријатие во земјава, кое што ќе обезбедува електрична енергија од фотоволтаични панели.