17 ГОДИНИ ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИТЕ БРАНИТЕЛИ

17 ГОДИНИ ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИТЕ БРАНИТЕЛИ

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Битолчаните Влатко Миленковски и Благојче Силјановски и Пеце Матичевски од општина Новаци, се тројцата  воени резервисти, припадници на баталјонот на Воената полиција од Битолскиот Корпус, кои во двојна заседа загинаа на 5 јуни 2001 година, во близина на селото Гајре, на раскрсницата од патот за Шипковица, во долината на реката Пена. Денес, се навршуваат 17 години од загинувањето на македонските бранители. Во нивна чест, Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, заедно со повеќе делегации положија свежо цвеќе пред споменикот „Анѓел“ во паркот кај Саат кулата и кај споменикот подигнат на просторот во поранешната касарна. Во нивна чест,  беше организиран и Меморијален турнир во мал фудбал, насловен:„Влатко, Благојче и Пеце 2001“. „17 години од згаснувањето на три млади животи за оваа наша земја, за ова во кое ние денес живееме. Денес сме овде не само да им оддадеме помен, туку и да се потсетиме дека никогаш, никогаш не смееме да заборавиме на нивните семејства, на нивните потомци…Меѓутоа и како политичари мора да бидеме одговорни, да водиме политики којшто никогаш повеќе нема да ја доведат Република Македонија во таква ситуација. Тоа е наша должност и тоа мора да го направиме“, рече градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.