22-23 август Денови на Ростовски

22-23 август Денови на Ростовски

Денови на Ростовски

Регионалното здружение на македонско-руско пријателство „А.А. Ростовски“, традиционално и оваа година ја одржа македонско-руската средба во чест на рускиот конзул Александар Аркадиевич Ростовски.
А.А. Ростовски е руски конзул кој служел во Битола од 1895 година и сочуствувал со Македонците. Убиен е во средината на илинденското востание на 8 август 1903 година. Зачувувањето на споменот за Ростовски и одбележувањето на неговото дело во Битола е нешто што ги поврзува двата народа и зајакнување на пријателството и меѓународната соработка меѓу двата народи.
На Меѓународниот Славјански универзитет „Г.Р.Державин“ – Битола, беше прикажан документарниот филм за Иван Мелников продолжувајќи со дискусија за ликот и делото за истиот херој.
Кај Споменикот „Руски крст“, беше оддаден поздравен збор од значајни личности од аташето на Руската амбасада во Република Македонија. Целата манифестација свечено се затвори со полагање на свежо цвеќе пред спомен плочата на А.А.Ростовски кај Буковскиот манастир.
Настанот е  поддржан од битолско културно лето БИТ ФЕСТ 2015.

BF2015RusiRostovski_1 BF2015RusiRostovski_2 BF2015RusiRostovski_3 BF2015RusiRostovski_4 BF2015RusiRostovski_5 BF2015RusiRostovski_6 BF2015RusiRostovski_7 BF2015RusiRostovski_8