3,5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ИЗГРАДБАТА НА КОЛЕКТОРСКИОТ СИСТЕМ НА ПЕЛИСТЕР

3,5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ИЗГРАДБАТА НА КОЛЕКТОРСКИОТ СИСТЕМ НА ПЕЛИСТЕР

Градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска оствари средба со заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули. На средбата беше посочено дека во изминатиот период е видлива зголемената взаемна соработка на министерството и Општина Битола, особено во искористувањето на средствата за заштита на околината кои ги доделува Министерството за животна средина и просторно планирање.

Од големо значење е што продолжува реализацијата на еден особено значен проект за жителите на општината, кој воедно претставува и решение на еден горлив проблем за животната средина со децении наназад, а тоа е изградбата на колекторскиот систем на Пелистер. Министерството за животна средина и просторно планирање издвои 3,5 милиони денари, со што ќе продолжи да се гради делот на колекторскиот систем од Потпелистерските села, кон веќе постоечкиот дел.

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули и градоначалничката Наташа Петровска се согласија дека има потреба од зголемен заеднички настап на сите чинители во локалната и централната власт пред меѓународните инвестициски фондови, со цел што е можно повеќе да се искористат средства за подобрување на квалитетот на животната средина во Општина Битола.