76 ГОДИНИ ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА СТЕВАН НАУМОВ СТИВ

76 ГОДИНИ ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА СТЕВАН НАУМОВ СТИВ

Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, претставници од советниците од Советот на општината, претставници на политичките партии, членови на семејството на народниот херој Стеван Наумов Стив и ученици од ОУ Д-р Трифун Пановски, денес положија цвеќе пред споменикот на Стеван Наумов Стив. Претседателот на Сојузот на борци, Александар Трајковски, низ својот говор потсети на исторското значење на Стив Наумов, како и загинувањето на Стив Наумов заедно со неговиот соборец Мите Богоевски на 12 септември 1942 година.

Одбележувањето на 12 септември е дел од Програмата за одбележување на позначајни историски и културни настани за 2018 година во Општината Битола.