Ревидирана стратешка програма за развој на туризмот во Општина Битола во 2015-2017 г.

Ревидирана стратешка програма за развој на туризмот во Општина Битола во 2015-2017 г.

 

ПРОГРАМА НА ОПШТИНА БИТОЛА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ВО ТУРИЗМОТ  ЗА 2015-2017 ГОДИНА

 

Предлага:

Градоначалник на Општина Битола

Д-р Владимир Талески

 

 

„ Битола, атрактивна туристичка дестинација“

 

Општина Битола со својата местоположба (непосредната близина со Р.Грција членка на ЕУ,  поставеноста на историски важната рура, позната како патот VIA EGNATIA , блискоста до охридскиот и солунскиот аеродром , природото богатството (планината Баба со единстевна флора и фауна, потенцијалите за развој на зимските спортови итн.),културните атрактивности (богатата историјата и традиција, културни споменици и знаменитости, манифестации и фестивали) ги има сите предуслови за развивање на  туризмот како еден од најважите двигатели на општествениот развој.

Тому поради ова Општина Битола во стратегијата за социо-економски развој особен акцент му придава на развојот на туризмот како глобален тренд и гранка со исклучителен потенцијал и можности. Во тој контекст оваа предлог програма нуди низа мерки, активности,  проекти и иницијативи чија цел е динамичен и комплементарен развој на  туризмот во Општина Битола.

Постигнувањето  на таа цел е можно со мобилизирање на  сите потенцијали и субјекти во правец на подигање на нивото на организациска поставеност, координација, стандардизација, валоризација и промоција на на туристичките потенцијали поставувајќи ја Битола на врвот на мапата на туристичките дестинации во регионот.

Во продолжение се претставени сет на активности, мерки , иницијативи и проекти кои во правец на постигнување на  визијата , „Битола, атрактивна туристичка дестинација“.

 

 

1.       Отворање на туристички инфо биро и промоција на истото.

Досегашното искуство покажа дека постоењето на информативно-туристичко биро или пункт  е основен стандард во сите развиени туристички средини. Освен промотивната функција како објект , неговата улога е информативно-промотивна  како кон туристичките посетители така и кон туристичките субјекти од градот ( давање на информации за сместување, посета на знаменитости, влезници за настани  и манифестации, објекти , продажба на туристичка мапа, водич, разгледници и сл.

Во зависнот од развојот на ситуацијата обврските и активностите на инфо бирото можат да се зголемуваат во правец на подобрување на туристичката промоција на Битола односно ова биро да ја игра улогата на извршно тело на програмата за развој на туризмот.

Функцијата на бирото налага истото да биде лоцирано на препознатлива локација во централното градско јадро(искуствата покажаа дека е добро да биде со излог, достапен и во објект со културно-историско значење ) или слична атрактивна локација.

Предвидена Имплементација- Март-Април

 

2.       Промотивни активности

Опис на активности

– Издавање на туристички брошур 4 издание .

– Туристички разгледници

– Мапа на градот

– Изработка на маскота на градот-проект

– Избор и промоција на туристичко лого на Битола

– интеренет промоции на домашни и странски портали, публикации и сл.

– саеми и други туристички манифестаци

– Промотвни активности за обука на локалното население за подобар однос кон туристите.

– Промоција и стимулирање на велосипедскиот туризам

– Формирање Туристичка волонерска патрола-ТИМ

– Развој на туристички производ – Брендирање на туристички производ

– обуки и стандардизација на туристичките субјекти

– Destination management organization – имплементација

Промотивните активности се и тоа како важен во процесот на подобрување на туристичката понуда, привлекување и анимирање на посетители и сл.Добро подготвената промотивна стратегија , квалитетно публикуваните промотивни материјали, нивната соодветна дистрибуција , се основни стандарди во промоцијата на туризмот на една средина.

Имплеменатција: Фебруари -Октомври

 

3.       Инфраструктурни проекти и инвестиции

Опис на активности

–          ДУП за проект „Ниже Поле “туристички центар

–          Проект за ревитализиација на старата чаршија- соработка на Општина Битола Мин.за култура

–          Туристичка сигнализација 2 фаза

–          Изградба на велосипедски патеки по ДУП.

–          Поддршка на иницијативи за уредување и промовирање на нови микро локации за туристички излетишта

Дел од наведените проекни активности во делот на инфраструктура се предвидени

како развојна компонента или  фазно започнати во предходниот период , а ќе се реализираат во наредниот развоен приод во зависност од можностите и

 

4.       Тековни активности на одговорното лице за туризам

 

–          Контакт со ЗЕЛС и Агенција за промоција и поддршка на туризмот

–          Контакт и поддршка на чинителите на туризмот во Општина Битола

–          Одржување на средби, состаноци, обуки, работилници и др.со членовите за Координативното тело за туризам

–          Иницирање акции, промотивни активности, проекти и сл.во насока на подбрување на условите за работа во областа на туризмот, и поквалитетна туристичка понуда на Битола.

–          Посета на значајни туристички манифестации и воспоставување контакти од важност за развој на туризмот во Општина Битола.

–          Одржување на база на податоци на туристички субјети и лиферување информации од важност за истите.

–          Други активности во правец на развој на туризмот во Општина Битола

 

 

Програма  за развој на туризмот во Општина Битола за 2015
и динамика на имплементација и  буџет

Реден број
Активност

Време
Буџет и извор на финансирање
1.
Отворање на туристички инфо биро и промоција на истото.
Март – Април

2.
Промотивни активности
Фебруари – Октомври

3.
Инфраструктурни проекти и инвестиции
Тековна година
300.000.00

Буџетска ставка G20 Потикнување на развој ан туризмот
4.
Тековни активности на одговорното лице( посета на настани, саеми, промоции, обуки,семинари,  состаноци на координативното тело и учество во други активности релевантни за развој на туризмот во Општина Битола.
Тековна година

Структурата на поединечните трошоци во рамките на вкупно предвидениот износ ќе ја определува Комисија составена од општинската администрација и стручни лица, врз основа на прибирање понуди за соодветни активности.Исплатата на трошоците ќе се врши од соодветните планирани ставки од Буџетот на Општина Битола

 

Изработил:                        Одобрил:                                     Согласност:

Дпл.менаџер по                 Сектор за

туризам и угостителство   Одделение за јавни дејности     Финансиски прашања

Тодор Ивановски              Снежана Петровска                   Слободан Бончановски

____________________      ____________________              __________________