Продолжува реализацијата на инфраструктурни проекти во Општина Битола. Градоначалникот Тони Коњановски, денес изврши увид на работните активности за асфалтирање на третата делница од улицата „Стив Наумов“, а активностите до целосно завршување на реконструкцијата продолжуваат на последниот дел од оваа улица, која се очекува да биде завршена до крајот на годината.
Улицата „Стив Наумов“ се реконструира во должина од 2 километри, а проектот вклучува реконструкција на водоводната, канализационата мрежа и коловозот.