По повод 80 годишнината од формирањето на Првата Егејска Македонска ударна бригада во Битола, денеска се одржа чествување кај спомен плочата пред ТППЕ Битола, каде свежо цвеќе положија градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, претставници на Советот на општината, здруженија на граѓани, како и претставници на политичките партии и други гости.
Чествувањето на овој јубилеј беше во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Битола, а со поддршка од Општина Битола.