БИТФЕСТ 2015 – Трио Аура

БИТФЕСТ 2015 – Трио Аура

Трио „Аура“ – кратки приказни, флејта, фагот и пијано  Страшо Темков, Марјан Милошевски, Ана Гацева камерни композиции од Кокан Димушевски
Битолското културно лето, вистински  го разбранува еден од несекојдневните културни настани што се случи во 20:30.ч во  концертната сала на Завод и Музеј Битола насловен „Кратки приказни“ во изведба на триото „Аура“.  Триото го сочинуваат тројца истакнати музички уметници, флејтистот Страшо Темкоф, фаготистот Марјан Милошевски и пијанистката Ана Гацева, врвни мајстори на своите инструменти.
Кратките приказни на Кокан Димушевски се всушност исечок од неговиот музички свет раскошен во својот колорит и неговите преливи, подеднакво возбудлив во својата неповторлива експресија.

BF15_trio_kokan_1 BF15_trio_kokan_2 BF15_trio_kokan_3