БИТ ФЕСТ:ИЗЛОЖБА „ФОТОГРАФИИ НА ОЛДТАЈМЕРИ“

БИТ ФЕСТ:ИЗЛОЖБА „ФОТОГРАФИИ НА ОЛДТАЈМЕРИ“

Битола низ времето преку стари фотографии. Со изложбата „Фотографии на олдтајмери во Кафе барот „Бурбон стрит“ беа изложени 50 тина фотографии, кои претставуваат репрезент на авто – мото спецификите, карактеристични за Битола низ различни временски периоди. На изложбата се прикажаа фотографии од првите автомобили и мотоцикли од 19 век, до денес. Фотографиите се квалитетни скенови на фотографии сопственост на битолски семејства, како и фотографии од досегашните изложби на олдтајмери на Здружението „Ретрофрикс“, како здружение кое делува во насока на зачувување на овие стари спомени и вредности, автомобили и мотоцикли, присутни на битолските улици низ времето.