БИТ ФЕСТ:„СОН НА ЛЕТНАТА НОЌ“ НА АНДРЕЈ ЦВЕТАНОВСКИ ЗА КРАЈ НА ПЕТТОТО ИЗДАНИЕ НА БИТОЛА ШЕКСПИР ФЕСТИВАЛОТ

БИТ ФЕСТ:„СОН НА ЛЕТНАТА НОЌ“ НА АНДРЕЈ ЦВЕТАНОВСКИ ЗА КРАЈ НА ПЕТТОТО ИЗДАНИЕ НА БИТОЛА ШЕКСПИР ФЕСТИВАЛОТ

Со бурен аплауз, беше поздравена изведбата на претставата „Сон на летната ноќ“, во режија на Андреј Цветановски, во изведба на Театарот Комедија, на затворањето, на јубилејното – петто издание на Интернационалниот Битола Шекспир Фестивал.

Покрај што фестивалот од година во година, бележи нагорна линија, значаен е и фактот што многу театри од Република Македонија, се осмлија да го постават Шекспир во нашата држава. Преку „Битола Шекспир Фестивал“ се потврдува дека и македонските претстави лесно може да се пласираат на значајни фестивали, затоа што Шекспир е секогаш актуелна тема.

За следното издание на „Битола Шекспир фестивал“ веќе постои голем интерес од повеќе земји. Овогодинешното издание на фестивалот се реализираше со поддршка на Министерството за култура и Општина Битола.