БИТ ФЕСТ: ЕТНО ИЛИНДЕН СО ПЕСНИ И ОРА НА МАГНОЛИЈА

БИТ ФЕСТ: ЕТНО ИЛИНДЕН СО ПЕСНИ И ОРА НА МАГНОЛИЈА

На плоштадот Магнолија во организација на „ЕТНО – Илинден“ беше презентирана македонска етно култура низ презентација на македонскиот фолклор и етнологија преку ора, песни и презентација на ракотворби. Во старата битолска Магаза, пак беше отворена изложба на народни носии. Настанот е реализиран од Центар за едукација и негување на традицијата и фолклорот ЕТНО – ИЛИНДЕН, а во рамките на БИТ ФЕСТ 2017.