БИТ ФЕСТ: „ЗДРАВИ КРЕАЦИИ ВО ТВОЈАТА ЧИНИЈА“ – ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ

БИТ ФЕСТ: „ЗДРАВИ КРЕАЦИИ ВО ТВОЈАТА ЧИНИЈА“ – ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ

Во организација на здружението за едукација и кулинарство „Се за храна“, а со поддршка БИТ ФЕСТ 2017, денес беше претставена изложбата на фотографии „Здрави креации од твојата чинија“. Изложбата следува после објавениот конкурс од страна на здружението, од кој најдобрите три фотографии беа наградени. Изложбата има за цел да ја подигне свеста на населението за значењето на здравата храна.