БИТ ФЕСТ: ИЗРАЕЛСКИОТ ГАУДИ И ПОДАРУВА СКУЛПТУРА НА БИТОЛА

БИТ ФЕСТ: ИЗРАЕЛСКИОТ ГАУДИ И ПОДАРУВА СКУЛПТУРА НА БИТОЛА

Руслан Сергеев, академски уметник, скулптор и специјалист за мозаици од Израел, во рамките на третата „Балканска колонија на ракотворци“, одржува и мастерклас со 6 дипломци и студенти на ДЛУ при УКИМ, а изработи и скулптура која ќе има употребна функција, за рекреација на најмладите посетители на Градскиот парк во Битола – децата. Неговите скулптури, не само што изгледаат живо и привлечно за детската имагинација, туку се и еколошки, а учествуваат и во обликувањето на пејзажот. Во рецензиите, Сергеев го споредуваат со Антонио Гауди, кој што ја одбележа и архитектонски ја промени Барселона, а овој израелски уметник, тоа го направи со Израел. Скулптурите на Сергеев ги доведуваат во релација со традицијата на уметностите на Средниот исток, согледувајќи го нивниот одраз во европските уметнички традиции. Просторот на Градскиот парк во Битола ќе биде облагороден со скулптура на овој ументик, како што многу урбани простори се вистински атракции во Израел.
Синоќа на сцената во Дом на АРМ прекрасен концерт на изворна македонска музика со „Рудина“, а вечерва се одржува џез концертот на „Владимир Четкар трио“, во недела на истата локација, Пацио, Завод и музеј,  концерт на „Дамјан Пејчиновски трио“. На програмата на Летното 3 Д кино „Терминатор“ и љубовната фантазија „Градови од хартија“.

BF2015_15_08_1 BF2015_15_08_2 BF2015_15_08_3 BF2015_15_08_4