БИТ ФЕСТ: ЛЕТНА ЛЕКТИРА

БИТ ФЕСТ: ЛЕТНА ЛЕКТИРА

Во организација на јазичното студио „Лингва“, во рамките на БИТ ФЕСТ 2017 се одржа настан исполнет со многу дружење, забава и едукација. Детски театарски изведби на странски јазици  под наслов „Летна лектира“  беа изведени пред многубројните гости. Настанот беше збогатен и со литературно читање на дела од познати европски поети на англиски, француски, германски и шпански јазик од страна на ученици проследени со тивка музичка придружба.