БИТ ФЕСТ: НЕЗАБОРАВ ВО ЧЕСТ НА МИЛЕ ШЕРДЕНКОВ

БИТ ФЕСТ: НЕЗАБОРАВ ВО ЧЕСТ НА МИЛЕ ШЕРДЕНКОВ

Во организација на Панде Димитровски, во НУ Центар за култура се одржа традиционалната манифестација „НЕЗАБОРАВ“, годинава во чест на Миле Шерденков – Шендер. Настапија групата „ГРОМ“, Кирил Стојчевски, Зоран Маневски, Бојан Стојков и деца од детскиот фестивал „СИ-ДО“. Прерано починатиот Шерденков беше член на музичката група Мадригали. Во 2013 година во рамките на БИТ ФЕСТ во Хераклеа беше изведен голем концерт по повод 40 години постоењето на групата Мадригали на кој покрај повеќе групи кои гостуваа, настапи и Дадо Топиќ. Хитовите на групите во кои Шерденков беше член беа препознатливи насекаде. Присутните на вчерашниот концерт со импресии раскажуваа за ова несекојдневно доживување со посебен печат и многу емоции.