БИТ ФЕСТ: ОД МОНАСТИРИ ДО БИТОЛА

БИТ ФЕСТ: ОД МОНАСТИРИ ДО БИТОЛА

Православните храмови во Битола е документарен филм кој започнува со почетоците на христијанството во Битола, изградбата на првите цркви и манастири, (нивната масовност по која и го добива името Монастири, Манастири, во историските записи на различните патеписци и хроничари) па се до современите црковни храмови кои чекаат да ги примат своите први верници. Во документарниот филм има директни искази од црковни лица за богатиот духовен живот на градот и на верските храмови во кои тие ја реализираат Богослужбата. Филмот прави целосен визуелен приказ на сите активни цркви во кои се врши Богослужба со нивните специфики, историјати и раритетни икони, иконостаси…