БИТ ФЕСТ: „ПОСЛЕДНИОТ МОНАХ“ – ПРОМОЦИЈА НА КНИГА

БИТ ФЕСТ: „ПОСЛЕДНИОТ МОНАХ“ – ПРОМОЦИЈА НА КНИГА

Во малата сала на Центарот за култура, во рамките на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ 2017“, беше промовирана книгата „Последниот монах“ од Добре Тодоровски. Писателот е член на Друштвото на писатели на Македонија и автор на повеќе романи, книги и публикации. Книгата „Последниот монах“ говори за неопходноста од мирен животен од, како и за значењето на животот во светите манастири, како духовна поткрепа и верба на човекот. Книгата „Последниот монах“ обработува вистинска приказна на носечкиот лик, за неговите два света, едниот – оној од секојдневието, другиот – еден таинствен свет исполнет со  молитви, немерлива љубов и среќа во славењето на Бог.