БИТ ФЕСТ: ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ЅВЕЗДИ ШТО СПИЈАТ “

БИТ ФЕСТ: ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ЅВЕЗДИ ШТО СПИЈАТ “

„Ѕвезди што спијат“ е новиот поетски ракопис на младиот автор Михајло Свидерски од Битола, кој со својот роман „Бело и црвено“ доживеа меѓународна книжевна афирмација. Песните поместени во оваа збирка припаѓаат на поджанровите на интимната, медитативната и спиритуалната лирика. Книгата беше промовирана во КЦ Магаза во рамките на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ 2017.