БИТ ФЕСТ: РАБОТИЛНИЦА СО ИРСКИОТ ДРАМАТУРГ, АКТЕР И СЦЕНАРИСТ ДИАРМУД ДЕ ФОИТ

БИТ ФЕСТ: РАБОТИЛНИЦА СО ИРСКИОТ ДРАМАТУРГ, АКТЕР И СЦЕНАРИСТ ДИАРМУД ДЕ ФОИТ

На Битолското културно лето БИТ ФЕСТ 2017, во организација на Форум на млади се одржаа  работилници за актери и сценаристи, предводени од ирскиот актер, драматург, сценарист, продуцент Diarmuid de Faoite. Сите заинтересирани актери и сценаристи имаа можност да научат многу нови работи од богатото искуство  на Диармуд де Фоит, во областа на театарската и филмската дејност, како и да се запознаат со неговиот начин на работа. Диармуд е наградуван за многу свои дела, наградуван е во областа на глумата и продукцијата, а се занимава и со пишување на сценарија за театар и филм. Врв на неговата кариера е улогата во номинираниот филм за Оскар „Кралеви“ кој освои и многу други награди на повеќе различни фестивали. Завршната работилница со презентација на резултатите од еднонеделната работилница се одржа вчеравечер во културниот центар Магаза.