БИТ ФЕСТ 2015 – КУЛТУРНА И АКЦИЈА ЗА ЕКОНОМСКА ПРОМОЦИЈА ИНВЕСТИЦИИ

БИТ ФЕСТ 2015 – КУЛТУРНА И АКЦИЈА ЗА ЕКОНОМСКА ПРОМОЦИЈА ИНВЕСТИЦИИ

Битола, како многувековна значајна точка на културната светска мапа, влегува во втората третина од Битфестовските случувања, буквално престорувајќи се во една голема сцена каде што пред креативноста и создавањето аплаудира многуилјадна публика. Еден град како Битола, не само заради својата стратешка поставеност од културен и географско – историски аспект, туку и во насока на своето модерно живеење и во името на сопствениот економски просперитет го живее и со секој одживеан миг го создава БИТ ФЕСТ.
Утре, Битола ќе биде целодневен домаќин на голема  амбасадорска и актерско – новинарска делегација и ќе бидат воспоставени првите сериозни релации за натамошна културна, но пред се и соработка во делот на економијата и инвестициите.
Дваесетгодишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Македонија и Израел, се одбележува со поставување Спомен плоча на столбовите на некогашната синагога „Кахал Португал“, а ќе биде засадено и дрво на пријателството и мирот, во присуство на градоначалникот д-р Владимир Талески и неговата екселенција ираелскиот амбасадор во Македонија и директор за Балканот г-дин Dan Oryan.   Израелската делегација ја сочинуваат и публицисти од Израел и САД и новинари од Националните телевизии на Израел, што е одлична можност Битола да биде преставена во тој дел на светот, како идна платформа за натамошни релации во поглед на економска соработка и бизнис – партнерства.
Гостувањето, пак, на израелската претстава „Нашиот клас“ е во рамките на нивната голема балканска турнеја, а таа утре  (19.07.2015, 20.00 часот) ќе биде изведена на сцената на Битолскиот народен театар. Нашиoт клас“ e приказна на релацијата  полјаци –  евреи, лоцирана во едно мало село во Источна Полска, за време на Втората светска војна. Станува збор за десет деца, една генерација, за еден нивни животен фрагмент, приклештен од војната и љубовта, со сите убиства, сеќавањата и заборавот, насилството и сочувството, сето тоа испреплетено во моќната драматика на животот. Текстот за претстава се темели врз вистински историски настан, кога во малото село во Полска, на 10 јули 1941 година, биле запалени 1600 Евреи. Автор на текстот е полскиот драматург Tadeusz Slobodzianek. Претставата преку  приказната за локалниот погром на Евреите, ја испраќа универзалната порака за секое општество што не го прифаќа „другиот”, за атмосферата каде што децата се жртва на нетолеранција, расизам, и предрасуди.

BF2015BitFestKulturnaInvesticii