БИТ ФЕСТ 2015 – настапува американскиот хор „Howard Gospel“ од Вашингтон и израелски и американски детски театар на ИДТФ Битолино

БИТ ФЕСТ 2015 – настапува американскиот хор „Howard Gospel“ од Вашингтон и израелски и американски детски театар на ИДТФ Битолино

Хорот „Howard Gospel“ негува традиционална, но и современа госпел – музика, а тематски нивните композиции најчесто се определени со Исус Христос и христијанството. Хорot „Howard Gospel“  од Вашингтон, во Македонија доаѓа со посредство на Амбасадата на САД во Република Македонија, а пред нивниот вечерашен настап пред битолчани, во Пациото на Завод и Музеј, во 21.00 часот, настапија на Охридско лето, на одбележувањето на нивното педесет и пет годишно постоење. Хорот „Howard Gospel“ е една од најголемите институции што ја негуваат афроамериканската култура во САД. Нивното творечко мото е да и служат на вистината и вербата, преку интерпретацијата на духовна музика. Вечерва на ИДТФ Битолино, исто така, се две претстави: претставата на израелскиот театар од Модин „Четири басни и кралицата“ и претставата „Гласно и тивко“, на театарот од Грац, Австрија.

BF2015_06_08_1 BF2015_06_08_2 BF2015_06_08_3