БИТ ФЕСТ 2015 – спектакуларен концерт на духовна музика и одличен детски театар

БИТ ФЕСТ 2015 – спектакуларен концерт на духовна музика и одличен детски театар

Десеттото јубилејно издание на БИТ ФЕСТ 2015, во изминативе две третини од своето траење понуди најразлични видови случувања, настани, фестивалски концепти, а синоќешнот концерт на Howard Gospel Choir од САД, беше со сите атрибути на спектакуларно и неповторливо искуство. Howard Gospel Choir е формиран во кампусот на Универзитетот Харвард во 1968 година, Како прв универзитетски хор од овој вид во светот, HGS е пионер во сите музички црковни мисии низ студентските кампуси ширум светот. Повеќе од четиридецениско постоење, целосна посветеност на сопствената мисија, многу значајни и плодни имиња на столетието, е кусото профилирање на Howard Gospel Choir.  Хорот има многу настапи низ САД, а е присутен и на европските простори: Данска, Италија, Црна Гора, Словачка и Шведска Хорот е под диригентско водство на Региналд Голден, првенец на Универзитетот Харвард од Кливленд Охајо.
ИДТФ Битолино, завршува вечерва, со претставитe „Кралицата Конг“ на театарот „La Бazooka“ од Авр, Франција и „Овоштарникот со праски“ на театарот „Masque Theatre“ од Витлеем, САД. Во рамките на ИДТФ Битолино се одржаа и две работилници: „Куклите и децата“ и „За важноста на осветлувањето во детските претстави“, а најдобрата претстава ќе ја одбере жирито: Соња Михајлова – актерка во НУ Народен театар Битола, Јован Ристовски – режисер во НУ Народен театар Битола и Валентина Луц – режисер и директор на Детскиот државен театар „Портите на Нарва“ од Санкт Петерсбург, Русија – претседател на жирито.

BF2015_06_08_1 BF2015_06_08_2 BF2015_06_08_3