БИТ ФЕСТ 2015: ФОЛТИН ОРИГИНАЛНИ И ПРЕПОЗНАТЛИВИ, А ОВА ИЗДАНИЕ НА БИТ ФЕСТ ДЕФИНИТИВНО ЈА ИМА НАЈДОБРАТА И НАЈРАЗНОВИДНАТА КОНЦЕРТНА ПОНУДА

БИТ ФЕСТ 2015: ФОЛТИН ОРИГИНАЛНИ И ПРЕПОЗНАТЛИВИ, А ОВА ИЗДАНИЕ НА БИТ ФЕСТ ДЕФИНИТИВНО ЈА ИМА НАЈДОБРАТА И НАЈРАЗНОВИДНАТА КОНЦЕРТНА ПОНУДА

Фолтин, бендот по кој што Битола ја препознаваат во Европа, со одличен настап, атмосфера изградена врз сите нивни особености и умеења, одличен концерт на Тумбе кафе. Оваа седмица, на летната сцена Тумбе кафе, БИТ ФЕСТ во знакот на одлични концерти, пред „Фолтин“ концерт на „Протеус“ (битолската Depeche Mode), веднаш по нив својата прва промоција пред поширока публика ја имаше најконтраверзната млада битолска група „Мазно ама не е“. Вторник вечер во Магазата џез концертот на „Сашо Поповски квартет“, во среда, во Пациото на „Завод и музеј“ етно – амбиентален концерт на „Амбиент фолк“ од Бугарија, на сцената во Дом на АРМ во четврток  „Џез Сценарио“, во петок, исто така, на сцената во Дом на АРМ концерт на изворна македонска музика со „Рудина“, во Пациото на Музејот во сабота џез концерт на „Владимир Четкар трио“, а во недела на истата локација концерт на „Дамјан Пејчиновски трио“ и специјалниот гостин Емир Хот. Во рамките на програмската понуда на БИТ ФЕСТ 2015, ја издвојуваме и вечерашната промоција на филмовите во чест на носителите на наградата за животно дело 4 Ноември, најзначајната награда што ја доделува Битола: Вера Стојчевска Антиќ, д-р Димитар Котевски, Љубиша Георгиевски, 20:00 часот, Пацио, Битолски музеј.

BF2015_Foltin_1 BF2015_Foltin_2 BF2015_Foltin_3