БЛАГОДАРНИЦА ЗА ПЕТРОВСКА ОД СОЈУЗОТ НА БОРЦИ

БЛАГОДАРНИЦА ЗА ПЕТРОВСКА ОД СОЈУЗОТ НА БОРЦИ

Во рамките на чествувањата по повод празникот 11 Октомври, на тема „Предизвиците на 11 октомври – 80 години потоа“ говореа потпретседателот на Сојузот на борци Битола Стефан Бошков, историчарот д-р Александар Литовски и градоначалничната на Општина Битола м-р Наташа Петровска, во присуство на претставници од Сојузот на борците и почитувачи на нивните дела.

Излагачите, од свој аспект искажаа сопствени мислења за значењето на овој голем датум од македонската историја, за кој и по 80 години, постојат и сведоштва и историски записи за текот на самиот настан и натамошниот развој на ангифашистичката борба.

Потпретседателот на Сојузот на борци Стефан Бошков, во својот говор ја истакна благодарноста за одличната соработка со градоначалничката Наташа Петровска, особено што во нејзиниот мандат се санираше Меморијалниот споменик на НОБ во селото Бистрица, кој го симболизира Вториот реонски комитет на Комунистичката партија на Битола и Битолско и има големо значење за регионот, историјата и антифашистичката борба. Исто така, во мандатот на Петровска беше откриена бистата на Ѓорѓи Наумов, во Алејата на борците од НОБ. Во знак на благодарност за нејзината помош и залагање, претставниците од Сојузот на борци и доделија Благодарница на градоначалничката Петровска.