ВО БИТОЛА ОБЕЗБЕДЕНИ 500 ЛОКАЦИИ ЗА ПРОЕКТОТ ,,КУПИ КУЌА ЗА МЛАДИ“

ВО БИТОЛА ОБЕЗБЕДЕНИ 500 ЛОКАЦИИ ЗА ПРОЕКТОТ ,,КУПИ КУЌА ЗА МЛАДИ“

Oпштина Битола определи 500 локации за реализација на проектот „Купи куќа за млади“ чиј иницијатор е Министерството за финансии. Маркиците за изградба на куќи се наоѓаат во населбата „Златен рид“, а општинската администрација целосно ќе биде во функција на заинтересираните апликанти за овој проект.

„Општина Битола во изминатиов период создаваше максимални услови за инвестирање и во функција на тоа ние изработивме три детални урбанистички планови во старата касарна или населбата „Златен рид“, каде се предвидени маркици, односно локации за изградба на куќи. Во касарната инвестиравме во инфраструктурата, а со Министерството за транспорт и врски се договоривме делот од парцелите што ќе бидат од минимум 300 до 400 квадратни метри да се зголеми со можност за прширување и маркиците да ја достигнат бројката 500. Цениме дека оваа бројка е доволна и дека сите амбиции на заинтересираните ќе бидат задоволени, а постапката со помош на Министерството за транспорт и врски ќе биде забрзана“, информираше градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески, на вчерашната презентација во Битола, во рамките на караванот за промоција на проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“.

Интересот за проектот „Купи куќа за млади“ во сите општини е голем. Општина Битола е подготвена максимално да излезе во пресрет на сите заинтересирани граѓани. Покрај во Битола, Министерството за финансии синоќа во исто време, проектот „Купи куќа за млади“ го промовираше и во општините Ресен и Демир Хисар.

KukjaMladi2016-2 KukjaMladi2016-1 KukjaMladi2016-4 KukjaMladi2016-3