ГАСОВОДНАТА МРЕЖА СЀ ПОБЛИСКУ ДО БИТОЛА

ГАСОВОДНАТА МРЕЖА СЀ ПОБЛИСКУ ДО БИТОЛА

Заменичката на Претседателот на Владата на РСМ Радмила Шеќеринска и градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, ги посетија производствените капацитети на АД Млекара Битола и Цермат Битола.

Заедно со менаџерскиот тим на битолската млекарница, направија надворешна обиколка, согласно сите стандарди за заштита од КОВИД-19, посетувајќи ја локацијата за поврзување со гасоводната мрежа. АД Млекара Битола ќе биде еден од првите производствени субјекти кои што ќе се приклучат на гасоводната мрежа, еден од клучните проекти на локалната самоуправа, така што своето работење ќе го прилагодат во насока на намалување на потрошувачката на електрична енергија и поголема заштита на животната средина. Исто така, заменичката Шеќеринска и градоначалничката Петровска беа информирани за една од најголемите инвестициски зафати, инсталирањето на пречистителната станица во фабриката, со постројка за третирање на отпадните води. Оваа инвестиција е од големо значење за подигнување на свеста на локално ниво за еколошките вредности, како за сегашните, така и за идните поколенија и генерации кои треба да растат во еколошки чиста средина.

Во фабриката Цермат, заменичката на Претседателот  на Владата Шеќеринска и градоначалничката Петровска, од страна на менаџерскиот тим беа запознати со новите производи на оваа компанија, која денес брои околу 250 вработени само во погонот во Битола. Економскиот раст на компанијата е од големо значење за битолскиот регион. Преку извозот, оваа компанија директно се бори конкуретно, во летниот период со најголемите производители на сладолед на територијата на цела Европа. Менаџерскиот тим изрази благодарност до градоначалничката Петровска за постојаната кооперативна соработка со локалната самоуправа.