ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ НА СРЕДБА СО РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ НА СРЕДБА СО РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска присуствуваше на 13 – та свечена седница на управниот одбор на регионалната комора со седиште во Битола. На седницата беше презентиран извештајот за работа на комората за 2021 година, како и предлог програмата за активностите кои ќе се реализираат идната година.

Градоначалникот Коњановски, посакувајќи им успешна работа на членовите на комората, изрази верување дека во идниот период соработката помеѓу комората и локалната самоуправа ќе се интензивира во интерес на развој и економски напредок на општината.