ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА ЈА ПРЕДВОДИ ОПШТИНСКАТА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ЧЕСТВУВАЊАТА ВО КРУШЕВО

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА ЈА ПРЕДВОДИ ОПШТИНСКАТА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ЧЕСТВУВАЊАТА ВО КРУШЕВО

На покана на претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска ја предводи делегацијата на Општина Битола, која присуствува на свеченостите по повод одбележувањето на големиот државен празник 2 Август – Денот на Републиката во Крушево.

Делегацијата положи свежо цвеќе на гробот на Никола Карев во споменикот “Македониум“, по што следува положување свежо цвеќе на Споменикот на хероите на месноста „Слива“.