ДА СЕ ПОЧИТУВААТ МЕРКИТЕ И ДА НЕ СЕ КРИЈАТ КОНТАКТИТЕ – АПЕЛ ОД ОПШТИНСКИОТ КРИЗЕН ШТАБ ВО БИТОЛА

ДА СЕ ПОЧИТУВААТ МЕРКИТЕ И ДА НЕ СЕ КРИЈАТ КОНТАКТИТЕ – АПЕЛ ОД ОПШТИНСКИОТ КРИЗЕН ШТАБ ВО БИТОЛА

На денешниот состанок на Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, одржан со штабот за заштита и спасување во проширен состав, според информацијата на директорката на Центарот за јавно здравје, Елизабета Крстева, беше констатирано дека, минатата недела забележано е мало зголемување на бројот на заразени лица со КОВИД 19 во Битола, но сеуште не може да се зборува за состојба на геометриска прогресија во градот. Присутна е појава на асимптоматски случаи, а возрасната граница кај заболените во Битола се спушта, така што заболуваат и сограѓани на возраст помеѓу 20 и 30 години.

Имајќи ги предвид, претходно споменатите факти, ваквата состојба мора да ја подигне свеста и совеста кај граѓаните и сите да се однесуваме согласно препораките и протоколите за заштита од КОВИД 19.

Задолжителното носење на заштитна маска, одржувањето на редовна хигиена на рацете и држењето на социјална дистанца, се клучните мерки согласно кои мораме секојдневно да функционираме. Нивното непочитување, криењето на контактите со други лица од страна на заболените од коронавирус, како и непочитувањето на изречените мерки за самоизолација, претставуваат кривични дела против здравјето на луѓето, кои придонесуваат за пренесување на заразната болест, како и непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, што соодветно е регулирано во членовите 205 и 206 од Кривичниот законик. Во следниот период, се засилуваат контролите од страна на СВР Битола, како и од општинскиот комунален инспекторат, а согласно, законската регулатива секое непочитување ќе биде соодветно санкционирано.

Општинскиот кризен штаб ги информира и лицата кои се наоѓаат во самоизолација, дека за набавка на потребните намирници, можат да ја контактираат општинската организација на Црвениот крст на телефонскиот број 047236019.