ДЕСЕТТИНАТА ДЕНА НА ДЕСЕТТОТО ИЗДАНИЕ НА БИТ ФЕСТ 2015

ДЕСЕТТИНАТА ДЕНА НА ДЕСЕТТОТО ИЗДАНИЕ НА БИТ ФЕСТ 2015

И овие изминати десеттина денови на БИТ ФЕСТ 2015 потврдија, дека оваа манифестација – значајна првенствено од културен и социолошки аспект, навистина и дозволува на публиката да ужива во разновидната и богата понуда, но исто така по десетти пат се востанови фактот, дека публиката штедро и несебично му воозвраќа на БИТ ФЕСТ. Салата на БНТ беше полна на свеченото отворање, а публиката не го штедеше аплаузот за Битолскиот камерен оркестар, Весна Гиновска Илкова, Наде Талевска, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Бојан Стојков и Нико Ѓорѓиев.
Тоа се главно двата услова, кои исполнувајќи се еден со друг, ја прават Битола голема културна сцена, единствена според своето значење, како детерминирана точка на светската културна мапа. Широк Сокак како еден од најдуховните простори, кој е приказна сам за себе беше сцена на „Баскер фест“, на Широк Сокак настапи и позната рок група „Темпера“, по нивниот ангажман како предгрупа на Били Ајдол во Белград, Широк Сокак беше полн и за Партибрејкерс. На Широк Сокак настапи и Мандолискиот оркестар при КУД Стив Наумов.
Само да споменеме уште една од големите сцени на БИТ ФЕСТ, тоа е Пациото на Завод и Музеј, каде настапи Младинскиот женски хор при МКЦ Скопје, во Концертната сала на Музејот исто така беа изведени неколку музички настапи, а на летната сцена на Тумбе кафе главно се одржаа книжевни настани, трибини.
Како локации за култура, БИТ ФЕСТ во овие десеттина дена го понуди и прекрасниот простор на Магазата. Плоштадот Магнолија, Вила Дајмонд, како и просторот кај поранешната Касарна – каде можност добиваат алтернативните културни форми.
Бит фест влегува во својата втора декада и нуди содржини со вистински културни вредности. Како едно од најголемите случувања е концертот на Студенсткиот симфониски оркестар од УТРЕХТ Холандија. Триото Аура ќе изведе камерни композици од Кокан Димушевски, битолската оперска продукција „Марија од Буенос Ариес“, настапува Хорот на Еврејската верска заедница, во Магазата ќе можеме да го проследиме амбиенталниот концерт на етно – квартетот Џенгис Ибрахим.

BitfestIzvestaj1_2015_1 BitfestIzvestaj1_2015_2 BitfestIzvestaj1_2015_3 BitfestIzvestaj1_2015_4 BitfestIzvestaj1_2015_5