ЗАВРШИ АСФАЛТИРАЊЕТО НА УЛИЦАТА „ДИМИТАР ИЛИЕВСКИ МУРАТО“, СЕ ПОДГОТВУВА „ПАРТИЗАНСКА“

ЗАВРШИ АСФАЛТИРАЊЕТО НА УЛИЦАТА „ДИМИТАР ИЛИЕВСКИ МУРАТО“, СЕ ПОДГОТВУВА „ПАРТИЗАНСКА“

Завршено е асфалтирањето на улицата „Димитар Илиевски Мурато“, на потегот од раскрсницата со улицата „4 Ноември“ до раскрсницата со улицата „Никола Тесла“. Со синоќешните активности, завршена е првата фаза од реконструкцијата на оваа улица.

Во втората фаза, реконструкцијата ќе продолжи од раскрсницата со улицата „Никола Тесла“ до поврзувањето со улицата „Широк Сокак“

Градежните екипи на терен од вчеравечер, веќе ја подготвуваат за асфалтирање и улицата „Партизанска“.