ЗАМРЗНАТИОТ ПЕТКО И 5+ФАМИЛИЈА СО ПРЕКРАСНА ЗАБАВА ЗА НАЈМЛАДАТА ПУБЛИКА

ЗАМРЗНАТИОТ ПЕТКО И 5+ФАМИЛИЈА СО ПРЕКРАСНА ЗАБАВА ЗА НАЈМЛАДАТА ПУБЛИКА

Радост, песна, музика и игра го исполни Платото пред Офицерскиот дом во Битола, каде многубројната публика се забавуваше заедно со Замрзнатиот Петко и 5+ Фамилија. Големата забава на Сладоленд, најмногу ги разигра најмладите низ прекрасното музичко – сценско доживување, кое истовремено имаше и еколошко едукативен карактер фокусирајќи се на пораки за здрава и чиста животна средина и заштита на планетата, како тема за која младите постојано мора да се едуцираат.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој овозможи поддршка на организаторите со цел еден ваков прекрасен настан, за првпат да биде реализиран во Битола.