ЗАПОЧНАТА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ЦЕНТАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА

ЗАПОЧНАТА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ЦЕНТАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов заедно со градоначалникот на Општина Битола д-р.Владимир Талески денес го посетија Центарот за социјална работа во Битола. Посетата се должи на започнатите активности околу целосната реконструкција на Центарот, кој е стар над 30 години. Овој проект е дел од проектот на Владата на Р.Македонија за реновирање на центрите за социјална работа.
„Би сакал да истакнам дека досега ја завршивме првата фаза, односно целосно реновиравме и пуштивме во употреба четири центри за социјална работа. Овој Центар за социјална работа во Битола е дел од втората фаза која што ги опфаќа центрите во Крушево и во Демир Хисар, кој што се целосно завршени со реновирање и комплетно опремени со нова опрема. Во фаза на реализација и реконструкција се центрите за социјална работа овде во Битола, во Прилеп, во Охрид и набрзо ќе почнат градежните активности во Гевгелија и во Штип“ изјави министерот Спасов.
Оваа втора фаза каде се опфатени седум центри за реновирање меѓу кој и  Центарот за социјална работа во Битола, е во вредност од 36 милиони денари, а само Центарот во Битола 9 милиони денари.
„Сакам да искажам голема благодарност до Владата на Р. Македонија, затоа што програмата и реализацијата на проектите е заедничка. Работите се поделени со што се знае кои се ингеренциите на Владата, ресорните министерства и  локалната самоуправа, меѓутоа имаме и заеднички надлежности како што е делот на  детските градинки во Битола. Ова што денес го имаме е голем бенефит за нашиот град, затоа што ова е еден од најголемите центри во регионот, така што сум сигурен дека ќе биде на големо задоволство на нашите граѓани“ рече
градоначалникот Талески.

RekonstrukcijaCentarSocRab_2015_1 RekonstrukcijaCentarSocRab_2015_2 RekonstrukcijaCentarSocRab_2015_3 RekonstrukcijaCentarSocRab_2015_4