ЗАПОЧНА ПОСТАВУВАЊЕТО НА НОВИТЕ АВТОБУСКИ СТОЈАЛИШТА

ЗАПОЧНА ПОСТАВУВАЊЕТО НА НОВИТЕ АВТОБУСКИ СТОЈАЛИШТА

Започна поставувањето на новите автобуски стојалишта согласно програмата за поставување на автобуски стојалишта на општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Битола. Програмата опфаќа 47 единечни стојалишта , 7 единечни стојалишта со киоск, 11 двојни стојалишта и 3 двојни стојалишта со киоск, односно 68 автобуски стојалишта во урбаните средини. Во руралните средини, поточно во 43 села ќе бидат поставени 50 репарирани автобуски стојалишта.

„Со Одлука на советот во трите зони во кои што има автобуски стојалишта, воведен е режим и сите превозници ќе мора да си плаќаат надоместок. Но исто така со таа Одлука направивме можност доколку превозниците се согласат да инвестираат во делот што и за нив е многу значаен,  автобуските стојалишта, во период од пет години додека трае договорот, тие ќе бидат ослободени од обврската да плаќаат финансиски надоместок на општината.“ изјави градоначалникот на општина Битола д-р Владимир Талески.

Вредноста за реализација на автобуските стојалишта, новите и репарираните изнесува околу 9.5 милиони денари. Рокот на изведба е 6 месеци почнувајќи од 1ви септември.

AvtobuskiStojalista_2015_1 AvtobuskiStojalista_2015_2 AvtobuskiStojalista_2015_3